Г049 - Картографија

Г049 - Картографија

Тип: постер, карта
Издавач: Тримакс
Година на издавање: 2019
Димензии: 140х100 см
Изработка: Печатена на 135 g/m2 конздрук. Пластифицирана и врамена со лајсни. Спакована во заштитна картонска кутија.
Јазик: Македонски/кирилица
==========================

Опис:
Наместо теоретско раскажување, акцентот на постерот е ставен на совладувањето на нови наставни единици по предметот географија, преку вежби со практична работа и визуелно прикажување. На постерот во горниот дел се дадени шест прикази на карти со различен размер, кој служи за воочување и полесно разбирање на поимот “размер”. Во долниот дел се дадени карти со различни начини на претставување на релјефот како: метод на шрафи, метод на сенки, метод на комбинирано сенчење со изохипси, сенчење по наклон, тродимензионален метод и тродимензионален метод со изохипси. На постерот не е изоставен и вертикалниот пресек на земјиштето и висинска скала со прикажани релативна и апсолутна висина. Овој постер освен што може да се користи како нагледно средство по предметот географија во основното образование може да го користат и оние кои имаат потреба за продлабочување на своите скромни познавања од географијата. 

Употреба на производот:
===========================
Нагледно средство по предметот географија, при изучување на материјалот по географија во основните и средните училишта.

Шифра: Г049
===========================
Цена: 3.600 ден