Г044 - Косово административна поделба

Г044 - Косово административна поделба

Тип: административна карта
Издавач: Тримакс
Година на издавање: 2019
Димензии: 140х100 см
Размер: 1:150 000
Изработка: Печатена на 135 g/m2 конздрук. Пластифицирана и врамена со лајсни. Спакована во заштитна картонска кутија.
Јазик: албански
==========================

Опис:
Политичката карта на Косово пред сè е направена и наменета за наставната програма по предметот географија. Наместо теоретско раскажување, акцентот во картата е ставен на совладување на нови наставни единици преку вежби со практична работа и визуелно прикажување. На картата со соодветни симболи и топоними се обележани поголемите населени места, реки, езера, патишта…Таа ги содржи сите општини во Косово, обоени со различна боја, и обележени главни центри на секоја од општините. За користење на оваа карта не се потребни претходни знаења од географија, па можат да ја користат и оние кои имаат потреба за продлабочување на своите скромни познавања од географијата, а секако и за хобисти. Во склоп на картата се дадени и две помали карти кои ја прикажуваат развиеноста на енергетиката и индустријата низ целата држава.
===========================
Нагледно средство по предметот географија, при изучување на материјалот по географија во основните и средните училишта.

Шифра: Г044
===========================
Цена: 3.600 ден