За нас

Тримакс e основан 2000 година во Скопје, Македонија. Од тогаш работи во областа на снабдување на градинките, училиштата и факултетите со нагледни средства, дидактички материјали, опрема за училници и училишта. Станува збор за широка палета на производи како голем број на наставни модели, едукативни постери, географски и историски карти, хемикалии и лабораториско стакло, спортска опрема и помагала, училишни табли (бели, зелени, плутани, магнетни итн), интерактивни (смарт) табли, интерактивни панели  кои ја олеснуваат наставата и ја прават поинтересна и покреативна, како за учениците така и за наставниците и професорите. 

Дистрибуција на сите едукативни помагала и наставни средства до училиштата по предметите:
Биологија, Физика, Хемија, Математика, Географија, Историја, Физичко, Училишна опрема, Одделенска настава, Англиски јазик, Музичко и Техничко образование.

За снабдување на бараните материјали од нивна нарачка па се до испорака, монтажа и обука, задолжени се тимот на Тримакс со повеќе од 40 вработени.

Политика за квалитет на друштвото

  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ изјавува дека главната цел на раководството и целиот персонал е давање на квалитетна услуга и производ на своите клиенти што одговара на сите нормативни барања и е во согласност нивните барања, потреби и очекувања.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ континуирано ќе го следи степенот на задоволство на клиетите и ќе ги проучува и исполнува нивните препораки, барања и рекламации се со цел истите да ги користи за подобрување на услуги и производите кои ги нуди.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се грижи за долготрајна и квалитетна соработка со сите заинтерсирани страни.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал и води сметка за одржување и благопријатен творечки амбиент, пришто секој извршител да биде свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на клиентите и просперитетот на фирмата.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе се грижи за континуиранa обука и едукација на вработените како основна потпора на Системот за управување со квалитет.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе ги поддржува Системот за управување со квалитет, во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 9001:2015.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се обврзува на идентификација на внатрешните и надворешните прашања и очекувања, како и ризиците и можностите за постојано унапредување на квалитетот на услугите и производите кои ги нуди.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе се стреми кон идентификување и елиминирање на сите ризици и недостатоци кои може да доведат до губење на довербата на клиентите и до намалување на профитот.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ применува процесен период кон создавање и одржување на Системот за управување со квалитет и за таа цел извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на сите услуги и производи.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на превземените ангажмани.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се обврзува на исполнување на барањата на Законската регулатива од областа на заштита на работната и на животната средина, како и чување на ресурсите и инвестиците на најдобар можен начин.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се обврзува на идентификување на сите аспекти на животната средина до кои се доаѓа или може да се дојде и ставање под контрола на значајните аспекти за животната средина.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ постојано ќе се стреми кон подобрување на своите дејности и услуги да бидат во склад со животната средина, преку доследно почитување на законите, прописите и стандардите.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе вложува максимални напори за зачувување на здравјето и безбедноста на сите заинтерсирани страни во деловни активности.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се обврзува да ги извршува сите активност во согласност со соодветните прописи и закони за заштита на здравјето и безбедност при работа.

Управител
Горан Димитров
Скопје, 04.03.2019 година

сертификати и овластувања